Приведени две лица од Чашка поради основи на сомнение за поткуп при избори
Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 15:20 часот, го лишиле од слобода педесет и две годишниот И.И од село Мелница, општина Чашка. Како што пишува во дневниот билтен на МВР, при претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело „поткуп при избори и гласање” по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава” со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. Потоа, И.И бил приведен по полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, во 17.00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и педесет годишниот А.Ч од истото село.
-При претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело “поткуп при избори и гласање” по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол ,,Валтер” со една рамка, еден пиштол „Црвена застава”, еден пиштол „Бул” со една рамка, 139 куршуми, мобилен телефон, 986 670 денари во разни апоени и 2 325 евра во разни апоени. А.Ч. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
Дума.мк