Пронајден починат млад маж во сопствен дом во кавадаречко Возарци
Објавено: 26 јануари, 2026, во 11:27 часот
Во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера вечер, во 22:30 часот било пријавено дека во домот во село Возарци, кавадаречко, починал С.П.(24) од село Возарци.
„Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


