Пронајден починат Велешанец кај село Иванковци

Објавено на 19 октомври, 2025 во 15:05

Шеесет и три годишниот М.С од Велес бил утрово пронајден починат во атар на село Иванковци, велешко, кај место викано „Бабиште“. Пријавата за пронајдениот починат Велешанец во Сектор за внатрешни работи Велес евидентирана била во 08:00 часот.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.