Пронајден починат велешанец во својот дом
Објавено на 17 јуни, 2024 во 11:40
Педесет и три годишниот Ж.С од Велес, вчера, бил пронајден починат во домот. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека случајот бил пријавен во 09:18 часот.
-Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, додаваат од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Дума.мк