Проодни се сите патишта во општина Чашка, исчистени се 125 км од патна мрежа и набавен е уште еден распрскувач на сол и ризла

Објавено: 22 јануари, 2026, во 11:39 часот

Во текот на вчерашниот ден во Општина Чашка исчистени од снег се вкупно 125 км од локалната патна мрежа и улици. Во чистењето учествуваа работниците на Јавно комунално друштво „Тополка“ и во функција беше ставена механизацијата за зимско одржување која се состои од ЈЦБ скип и два трактори кои се опремени со приклучна механизација за чистење на снег. Освен двата монтажни ставен во функција е и трет распрскувач на сол и ризла којшто е како посебен дел поточно приклучно средство.

-Во моментот сите улици и патишта на територијата на Општина Чашка се проодни за непречено одвивање на сообраќајот. Освен постоечките два, од кој еден не е повеќе во функција, набавен е нов и ставен во функција распрскувач на сол и ризла, рече Марјан Јовановски раководител на Сектор за урбанизам, ЛЕР и јавни дејности.

Според градоначалникот Суат Шаќиров јавната набавка на новата влечна машина чини 50.000 денари и платена е со општински пари. Во текот на вчерашниот ден со снежни врнежи во Општина Чашка најдолго време во чистењето работниците одвоиле на двата најкритични делови од општинската патна мрежа помеѓу населените места Нежилово – Ореше и Горно Јаболчиште – Долно Јаболчиште.

Шаќиров потврдно одговори на прашањето на Дума.мк дали на територијата на општината во сите населени места има електрична енергија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.