Прва официјална посета на Амбасадорката на НР Кина Сјаојан на Велес, со градоначалникот Колев пуштија детско забавно катче (видео и фото)
Објавено: 3 април, 2026, во 12:15 часот
Со продуктивен разговор за соработка која се однесувала на трговска, економска, културна и туристичка размена започнал разговорот на амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија Н.Е. Цијанг Сјаојан со градоначалникот Марко Колев на нејзината денешна официјална посета на Велес. Биле отворени и повеќе други теми по што следеше и официјалното предавање во употреба на детското забавно паркче во спортскиот комплекс над градската Автобуска станица.

Станува збор за донација вредна 700 илјади денари на граѓаните на Република Кина, рече градоначалникот Марко Колев. Детското забавно паркче се наоѓа на локација во делот, на брег на река Вардар каде досега општина Велес изгради паркинг и кошаркарско игралиште, кое го осветли, и со донација на спортски обложувалници „Моцарт“ доби фудбалски терен. Ова е втора донација потенцираше градоначалникот Колев и се заблагодари.
Амбасадорката Сјаојан потенцираше дека е задоволна од нејзината прва официјална посета на Велес како и задоволство и преставува што соработката започнува со уреден простор наменет за деца. Таа најави дека ја продолжува соработката со градоначалникот Колев.
Убавка Јаневска




