Од понеделник, 6 април, ни доаѓа вистинска пролет

Објавено: 2 април, 2026, во 08:49 часот

„Почнувајќи од понеделник, 6 април, територијата на Македонија ќе потпадне под влијание на стабилна, сува  и значително потопла воздушна маса од југ која позначително ќе предизвика температурите да бидат во пораст и тие ќе бидат вистински пролетни а времето ќе биде стабилно и суво со многу сонце.

Температурите преку ден во Македонија во текот на следната седмица на многу места ќе се искачат  и ќе надминат 20 степени а во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија температурата ќе се искачи до 25 степени.

Барем од она што можам во моментов да го изјавам за јавноста нова промена на времето, врнежи и пад на температурите на воздухот очекувам кон крајот на следната работна седмица и за време на следниот викенд,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.