Прво авионско третирање против комарци утре на територијата на Општина Чашка

Објавено на 16 јули, 2025 во 13:20

Прва авионска дезинсекција против комарци ќе се спроведе утре, 17 јули, од 05:00 до 07:00 часот во Општина Чашка.

Прскањето ќе се изврши со широкопојасен инсектицид, кој е одобрен од Бирото за лекови, а ќе бидат опфатени населени места долж речните корита на Бабуна, Тополка, Мелничка, Изворчица и Војничка.

Авионскиот третман вклучува повеќе села, меѓу кои: Чашка, Мелница, Лисиче, Голозинци, Еловец, Раковец, Отиштино, Бањица, Богомила, Согле, Теово, Оморани, Мартолци, Извор, Владиловци, Смиловци, Стари Град, Врановски Анови и Војница.

Од локалната самоуправа апелираат пчеларите во регионот навреме да ги затворат кошниците, заради можниот ефект на хемикалијата врз пчелните семејства. Заштитните мерки треба да се почитуваат за време на прскањето и во период од најмалку 3 до 4 часа потоа.

Во случај на неповолни временски услови, како врнежи или силен ветер, дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот ден, во истиот временски термин.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.