Првоодделенците од ООУ „Васил Главинов“ ја посетија велешката библиотека и посакаа да станат идни библиотекари
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/06/448322426_990621972851315_207065335826162613_n-1024x683.jpg)
Во домот на книгата, градската библиотека „Гоце Делчев“, денешни посетители беа учениците, првоодделенци од основото општинско училиште „Васил Главинов“ заедно со своите наставнички Славица Левкова и Александра Величкова Зафировска. Тие имаа можност да се запознаат со начинот на работа на библиотеката, видов на литературата со којшто располага и правилата за зачленување, користење и грижа на книгите.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/06/448361259_990622469517932_2205549738594901411_n-1024x683.jpg)
-Учениците учествуваа и во квиз наменет за литература за деца и имаа средба со роднокрајната авторка Наташа Брезовска – Богоевска која им прочита приказна од нејзината книга „Шумски приказни“. Поминавме прекрасно време во читање и другарување со книгите, велат од велешката библиотека „Гоце Делчев“.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/06/448358779_990622919517887_2318130144987645566_n-1024x683.jpg)
Дел од учениците изразија желба да бидат и идни библиотекари.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)