Првото новороденче во Велес е машко, мајката е од светиниколското село Пеширово
Објавено: 5 јануари, 2024, во 13:01 часот
Ивана Јакимовска од светиниколското село Пеширово го роди првото новороденче на Одделението за гинекологија и акушерство во Општа Болница Велес.
Раѓањето се случи денеска во 12:30 часот. Новороденчето е машко, тежи 3 килограми и 280 грама како и долго е 52 сантиметри. Тоа е трето дете во семејството Јакимовски.
На првото новороденче во Велес се чекаше четири ипол дена.
Убавка Јаневска


