Првото новороденче во Велес е машко, мајката е од светиниколското село Пеширово

Објавено на 5 јануари, 2024 во 13:01

Ивана Јакимовска од светиниколското село Пеширово го роди првото новороденче на Одделението за гинекологија и акушерство во Општа Болница Велес.

Раѓањето се случи денеска во 12:30 часот. Новороденчето е  машко, тежи 3 килограми и 280 грама како и долго е 52 сантиметри. Тоа е трето дете во семејството Јакимовски.

На првото новороденче во Велес се чекаше четири ипол дена.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.