Регионалниот центар за бездомни животни ќе се гради во Кавадарци
Со потпишувањето на договор за изградба на регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански , се официјализира почетокот на градежните активности. Центарот ќе го гради кавадаречката компанија „Ас машини“, а истот ќе биде лоциран во населба Глишиќ на површина од 5470 м2.
Од општина Кавадарци информираат дека целосната финансиска конструкција на овој проект изнесува 14 892 319 денари. Дел од средствата во висина од 5 119 385 денари се обезбедени од Швајцарска амбасада а дел од средствата во висина од 9 772 933 денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа.
Согласно динамиката за изведување на градежните работи , целиот проект треба да биде готов во наредните 6 месеци. Деветте општини во Вардарскиот плански регион усвоија модел за управување и организациона поставеност на прифатилиштата на регионално ниво, преку кој секоја општина обезбеди дополнителни средства за оперативни трошоци за работење на центарот.
Ангел Данов