Болеста јазлеста кожа нападна говеда во Сирково

Објавено на 29 јуни, 2016 во 14:23

Јазлеста кожа се појави низ стадата со говеда во селото Сирково. Иако се веруваше дека болеста, која првенствено ја пренесуваат инсектите односно комарецот, може да ја има покрај областите со мали води или мочуришта, сепак стигна и во ова росоманско село.

Жителите на селото кои одгледуваат говеда со неверување потврдуваат дека веќе нивните стада страдаат. Болеста ја утврдиле ветеринари и инспектори  во текот на вчерашниот ден. Побарано е од локалната самоуправа  да обезбеди соодветно место за јами  каде ќе бидат закопани заболените говеда.

Уништување требаше да се изврши денеска, а веќе се вакцинирани говедата кои не се заболени.

За Павле Димов од Сирково појавувањето на болеста во неговото стадо вели дека е гром од ведро небо.

„За оваа болест досега само слушав. Но ете сега се соочувам со поселедиците од неа врз говедата од моето стадо“ вели Димов.

Фамилијата Димови егзистира од сточарство, а Павле нагласува дека продолжиле да чуваат говеда бидејќи субвенциите давале поттик.

На седница советниците при советот на општина Росоман вчера го усвоија барањето на Агенцијата за храна и ветеринарство и е одредена локација каде ќе се уништуваат заболени говеда./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.