Производители на праски денеска излегоа на протест

Објавено на 20 јуни, 2017 во 12:15

Десетина производители на праски од Росоман и околината еден час го блокираа патот Градско – Прилеп во знак на револт поради ниските откупни цени на праските и немањето на пласман. Присутните на протестот на патот исфрлија  праски и побараа итно решавање на нивниот проблем.

„ Критериумите на рускиот пазар се зголемени. Педесет денари гајба за домашен пазар, извоз скоро и да нема, рече претседателот на Здружение на овоштари “Росоманска долина ” од Росоман Игор Милошевиќ.

Од ова здружение најавуваат и радикализирање на протестите, а велат дека размислуваат праски да исфрлат и пред владата.

Градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов вели дека откупната цена е рекордно ниска и дека амо гајбата чини 25 денари. Повика на барање на алтернативни пазари и интервентно решавање на кризата. Според него, доколку не се реши проблемот во прашање е доведен опстанокот на општината. Лазов најави дека за проблемот на овоштарите ќе расправа и општинскиот совет.

Овоштарите се заканија дека ќе ги исечат насадитем, бидејќи неможат да ги издржат проблемите со кои се соочуваат. Некои од присутните на протестот рекоа дека имале непотврдени информации дека во земјава се вршел увоз на праски од Албанија и Грција.

И овоштарите како и лозарите долги години се соочуваат со ниски откупни цени. Иако во изминатите години имаше поголем откуп сепак цената не ги покриваше производствените трошоци. Дополнително годинава родот е намален поради пролетниот мраз, а и преостанатиот род е со намален квалитет велат стручњаците.

Aнгел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.