Во Тиквешијата гласањето без проблеми

Објавено на 29 октомври, 2017 во 16:36

Без проблеми протекува гласањето во Тиквешијата и до 17 часот. Се бележи тренд на повисока излезност на гласачките места споредено со првиот круг.

65,94% од 32.706 избирачи запишани во избирачкиот список гласале на шеесете избирачки места во Кавадарци до 17 часот. Проблеми не се регистрираат велат од ОИК. И на овој пресек за излезноста се поголема излезност за околу 6 проценти.

Демиркапијци и на овие избори се најактивни. До 17 часот гласале 76,59% од вкупниот број запишани избирачи 3404. За 5,5% денеска има поголема излезност споредено со првиот круг.

„Гласањето поминува во нормални услови, нема регистрирани неправилности“ рече претседателката на ОИК Демир Капија Стојна Топчиева.

Без проблеми се одвива гласањето и во општина Росоман. До 17 часот правото на глас го оствариле 66% од 3411 граѓани со право на глас што е за

Во Градско до 17 часот гласале 62,25% од вкупниот број граѓани со право на глас.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.