Заев расположен за лидерска средба
Премиерот Зоран Заев денеска од Росоман најави дека стои на располагање за лидерска средба по барање на лидерот на опозицијата, Мицковски.
„Подготвен сум да одржам состанок со шефот на опозицијата, доколку тој заклучи дека треба да го има. Тие побараа лидерска средба, а како ќе одлучат јас им стојам на располагање, да ги информирам пред да одиме на средбата во Софија, а, секако, подготвен сум и по Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија да ја свикам лидерската средба, кога на неа би биле сите присутни. Но повикот е на шефот на опозицијата, а јас стојам на располагање во координација со него, така и да ја организираме средбата, рече Заев.
Премиерот беше запрашан и дали на 17 мај ќе има средба со Ципрас, на што одговори дека таа не средба од закажаните кои се чекаат, туку дека средбата ќе биде на маргините на Самитот на ЕУ, каде ќе присуствуваат сите премиери на ЕУ, а сите премиери на Западен Балкан, како кандидати за членство во ЕУ.
„Јас се уште немам точен термин кога би била средбата, но знам дека грчката страна потврди дека на маргините ќе најдеме време да се видиме. Целта е да направиме еден рекапитулар на тоа што досега е разговарано, да го потврдиме и да знаеме дека сме го завршиле, а истовремено да дадеме и смерници и на министрите, рече Заев и нагласи дека времето е кратко и дека се појавуваат информации дека се ќе се реши на 17 мај, но не е така, бидејќи суштински е делот што е останат за разговори./A.Д