Само еден позитивен на Ковид-19 во велешка болница

Објавено на 9 јуни, 2022 во 14:22

Позитивниот пациент се лекува на Инфективно одделение и е на кислородна поддршка. Според информациите на д-р Весна Николовска Неделкова на Интерно одделение во болницата нема ни суспектни ниту пост ковид пациенти за лекување.

По седум дена состојбата во болницата е иста, во четвртокот на 2 јуни, годинава, исто така се лекуваше само еден пациент заразен со коронавирусот што значи дека засега состојбата предизвикана од оваа епидемија е стабилна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.