Се осветлуваат пешачките премини на улиците во Кавадарци

Објавено: 8 април, 2026, во 11:26 часот

Општината ја започна реализацијата на проектот за осветлување на пешачки премини во вредност од 1.000.000 денари со што се подобрува безбедноста во сообраќајот во градот. Според кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев предвидено е да се осветлат вкупно 20 пешачки премини.

„Се осветлуваат пет пешачки премини на улицата Илинденска, потоа по три на улиците Тиквешко востание, 7 Септември и кружен тек кај сала Партизан, по два премина на булеварот Моша Пијаде, како и по еден на улиците Гоце Делчев, Народни херои, Страшо Пинџур и на Западен булевар кај Капела“, пишува во соопштението на Општина Кавадарци.

Оттаму додаваат дека станува збор за премини што досега беа недоволно осветлени, а со поставување на современи ЛЕД- светилки, значително ќе се подобри видливоста и безбедноста на пешаците, особено во ноќни услови.

Тоа се инвестиции што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните, смета општината.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.