Се отвора утре сезоната на скијање во „Михајлово“ на Кожув, од кавадаречка страна

Објавено: 11 јануари, 2026, во 15:40 часот

По првичното одложување со работа, поради неповолни временски услови, и доволно произведениот вештачки снег од утре, понеделник, 12 јануари во „Михајлово“ ќе се скија. Ски центарот ќе работи секој ден од 10:00 до 19: 00 часот, а по потреба и во доцните вечерни часови.

-Во функција се двете стази – малата стаза со тепих-лифт, погодна за почетници и најмладите, како и големата стаза „Македонија“ за сите љубители на зимските спортови. Ве очекуваат одлични услови, чист планински воздух и пријатна зимска атмосфера. Патните правци до Михајлово се чисти и целосно проодни, а нивното одржување и чистење се врши континуирано, соопшти градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Ски центарот има угостителски локал и располага со можност да изнајмува ски опрема како и присутна медицинска екипа.

Дo Ски центар „Михајлово“, лоциран на планината Кожув, се стигнува преку Кавадарци. Од градот е оддалечен околу 35 километри или за 40 до 50 минути со автомобил. Според општината патот е тесен, редовно се одржува и има поставено ознаки за безбедно и лесно пристигнување.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.