Се превртел тракторот што го возел и приколката го нагмечила возачот
Објавено: 17 февруари, 2025, во 12:57 часот
Во Општа болница Велес, вчера вечер, околу 19:30 часот, бил донесен Б.С.(21) од с.Бузалково, велешко, кој се здобил со тешки телесни повреди откако се превртел тракторот што го возел и приколката го нагмечила.
-Пациентот се здобил со фрактури на ребра на граден кош. Направено било снимање на Компјутерски томограф и утврдена дијагноза. Пациентот е задржан на лекување на Хирушко одделение, соопшти др Билјана Босилкова портпаролка на Општа болница Велес.
Несреќата се случила околу 17:30 часот во село Бузалково.Повредениот бил донесен со приватен автомобил во Општа болница Велес. Болницата ја пријавила несреќата во Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска




