Се степале двајца фудбалери по фудбалски натпревар во Кавадарци
Објавено на 8 април, 2024 во 15:26
Дваесет и осум годишниот Ѓ.И од Република Србија, вчера, во 17:20 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци.
Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци и ФК „Брера“ од Струмица, одигран на Градски стадион во Кавадарци, настанала физичка пресметка помеѓу двајца фудбалери.
– Ѓ.И. – играч на ФК „Брера“ физички го нападнал Д.К.(32) од Прилеп – играч на ГФК „Тиквеш“. По документирање на настанот против Ѓ.И. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштува Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Дума.мк