Седум мигранти откриени на Железничка станица Велес
Објавено: 5 август, 2024, во 12:29 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес во товарен воз на Железничка станица Велес пронашле седум лица мигранти од Палестина. Мигрантите биле откриени од страна на полицијата вчера утро, во 6:00 часот.
-Седумте мигранти се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за понатамошна постапка, соопшти Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Дума.мк


