Сиљановска Давкова од Велес: Армијата е институција што ужива најголем углед во државата
Објавено: 1 јануари, 2026, во 18:37 часот
Претседателката и врховен командант на Вооружените сили на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, денеска, во Командата за обука и доктрини КОД во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ се сретна и разговараше со новопримените 300 професионални војници, меѓу кои и 26 девојки. Војниците се на обука. Ним, Силјановска Давкова им подари стотина книги од повеќе области за нивно усовршување и едукација.
-Ви посакувам многу здравје и успешно извршување на својата професија и се разбира посветеност бидејќи ако на љубовта и на интересот го додадате и трудот сигурно дека ќе станете перфекни,а потоа и офицери како луѓето кои ве едуцираат и со кои јас соработувам. Импресионирана сум од она што денеска го видов,се разбира добрите гласови брзо патуваат и јас речиси се’ знаев за оваа институција, но денес преку излагањето на генерал Нуредини командантот на КОД, слушнав како сето тоа функционира. Тоа што за мене е ново видов како функционира хиерархијата и субординацијата, што често пати ја потенцира началникот на Генералштабот како неопхпдна за вашето школување. Видов скоро се’ и сликата ми е скоро целосна, индивидуалната работа преку ракувањата со оружјата од понова и постара генерација. Но и како се гради визијата, мисијата и дека никој не може да избегне она што мене ми е едно од најголемите љубови во животот а тоа е професијата Уставно право, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Таа додаде дека сватила зошто Армијата е институцијата што ужива најголема почит во државата.
-Убедена сум дека и вие за тоа ќе придонесете. Имајте успешна подготовка. Гледате дека денес и времето е на ваша и моја страна, кога и да дојдам во некоја касарна има сонце. Тоа има некоја поврзаност со мисијата што ја имаме сите ние, да создадеме пристојно место во кое војниците питомци, офицерите и оние со највисоки функции ќе бидат компатибилни, прифатени и препознаени во сите армии, и во сите мисии, потенцира претседателката Сиљановска Давкоска.
Таа на младите професионални војници им посака успешно да ја завршат обуката, да се адаптираат онаму каде што ќе се усовршуваат и еден ден како нови стерешини на Армијата да стојат околу неа.
-Посебно им посакувам на жените во Армијата да покажат и докажат дека се исто толку компатибилни колку и мажите, дека имаат цврста решеност и воља, дека се љубопитни, дека знаат и дека нема цел и нема задача што не можат да ја извршат. На право место сте, покажувате и сами дека верувате дека оваа е добар избор. Јас ве подржувам во изборот и ви посакувам успешна војничка кариера, додаде Сиљановска Давкова.
Придружувана од генерал–мајор Сашко Лафчиски, претседателката и Врховен Командант на оружените сили, присуствуваа на показна вежба за откривање на динамит, од страна на дресирани кучиња од армискиот Центар за одгледување и дресура на кучиња.
Домаќино, Командант на КОД и бригаден генерал Лулзим Нуредини и врачи на претседателката Сиљановска Давкова највисока плакета на КОД.
Убавка Јаневска


