Сите заинтересирани православни христијани може да се пријават за фаќање на Светиот крст во Повардарска епархија

Објавено на 17 јануари, 2023 во 12:58
Фото: Архива на Дума.мк

Вековната традиција за фрлање на Светиот крст во водите на река Вардар на големиот христијански празник Богојавление – Водици продолжува и оваа година. Сите заинтересирани православни христијани коишто сакаат да бидат дел од овој настан можат да се пријават во просториите на Повардарска епархија, секој работен ден, од 08:00 до 16:00 часот.

Најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст од Повардарска епархија, Општина Велес како и од донатори и спонзори ќе добие пригодни подароци.

Светиот крст ќе се фрла во водите на река Вардар под Мало мовче, на 19 јануари, четврток, со почеток во 11:00 часот.  На настанот ќе му претходи божествена литургија, а со самиот чин ќе чиноначелствува Митрополит Повардарски г.Агатангел.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.