Скопјани палеле, вчера вечер, факели и пиротехнички средства на прослава во село Теово
Објавено: 30 јули, 2025, во 11:00 часот
На прослава којашто вчеравечер се одржувала во село Теово, двајца скопјани го нарушиле јавниот ред и мир со тоа што палеле факели и пиротехничи средства. Сектор за внатрешни работи Велес ќе им поднесе пријави.
„На 29.07.2025 во периодот од 20:00 до 22:00 часот во село Теово, општина Чашка, за време на одржување на прослава, В.К.(37) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со палење на факели. Исто така, на 30.07.2025 во 00.30 часот и А.М.(37) од Скопје, го нарушил јавниот ред и мир со палење пиротехнички средства. По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


