Со фотографија на кавадарчанец направен лажен фејсбук профил преку кој се пишувале недолични содржини
Објавено на 22 февруари, 2023 во 13:25
Педесет и пет годишен маж од кавадаречко село во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 14:30 часот, пријавил дека на социјалната мрежа Фејсбук, непознато лице направило лажен профил искористувајќи негова фотографија. Од тој профил биле пишувани коментари со недолична содржина.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева