Со парите собрани од поделбата на големата пита, помогнати четири семејства во Велес
Објавено на 13 октомври, 2022 во 11:49

Четири хуманитарни пакети со основни прехрамбени продукти беа обезбедени со средствата собрани од поделбата на големата пита, долга четири метри на манифестацијата „Питијада 2022“. За време на поделбата од страна на граѓаните биле донирани 3.221 денари. Покрај овие средства, велешки Црвен крст за подготовка на хуманитарните пакети учествувале дополнително и со сопствени средства.

Од Црвен Крст на РСМ – Општинска организација Велес соопштија дека донацијата била поделена кај семејство со три деца, невработена самохрана мајка како и кај две лица од трето доба.
Во распределбата на хуманитарните пакети учествувале двајца волонтери на велешки Црвен Крст.
Стефани Манева
