Сообраќајна незгода на регионалниот пат Неготино-Лакавица

Објавено на 21 јуни, 2022 во 13:12

На регионалниот пат Неготино –Лакавица, вчера, 20 јуни, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од четириесет и три годишниот Д.Р од Струмица излетало од патот.

– Во незгодата со повреди се здобиле возачот и сопатничката С.Т.(56) од Кавадарци, констатирани во итна медицинска помош Неготино, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Сообраќајната незгода била пријавена во Полициска станица Неготино во 10:45 часот. Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.