Спречен обид за криумчарење мигранти кај Неготино, приведени двајца млади
Објавено: 14 јули, 2025, во 15:08 часот
На автопатот А1, на делницата Неготино – Градско, во близина на селото Црвени Брегови, вчера околу 19:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово привеле две лица под сомнение за криумчарење мигранти.
Станува збор за Џ.Џ. (19) и М.А. (18), двајцата од Струмица, кои биле затекнати како со патничко возило марка „Фиат“ со скопски регистарски ознаки превезуваат 11 мигранти од Египет, од кои девет се малолетници.
Возач на возилото бил Џ.Џ., додека М.А. се наоѓал на совозачкото седиште. Мигрантите биле пронајдени при извршен преглед на возилото, по што веднаш биле преземени мерки од страна на полицијата.
Лицата мигранти се спроведени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, додека двајцата осомничени се задржани во полициска станица. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Дума.мк


