Спречена кражба во дом во Велес, малолетник во Росоман ограбил такси возач со закани

Во два одделни инциденти на 16 и 17 јуни, годинава, полициски службеници приведоа три лица под сомнение за извршување на разбојништва – едниот случај во Велес, а другиот во Росоман.
Во првиот случај, на 16 јуни, вчера, полициски службеници околу 19:25 часот ги лишиле од слобода дваесет и шест годишниот А.А од Радовиш и четири години помладиот велешанец М.Р. Како што соопштуваат од СВР Велес, двајцата осомничени, со употреба на сила, влегле во домот на 66-годишниот М.З. од Велес со намера да одземат предмети, но биле спречени од полициските службеници. Тие биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. На местото на настанот извршен е увид од страна на екипа од СВР Велес.
Неколку часа подоцна, на 17 јуни, во 02:30 часот, во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци привеле малолетник од селото, кој физички нападнал такси возач кој го превезувал. По нападот, малолетникот му се заканувал со метален предмет и му одзел пари. Парите биле пронајдени и ќе му бидат вратени на оштетениот. За случајот се известени Јавниот обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци, а по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Дума.мк
