ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес, Центар за одигрување на зонски ученички спортски натпревари (ФОТО)

Објавено на 20 декември, 2021 во 11:24

Спортската сала при средното стручно општинско училиште “Коле Неделковски“ од Велес во изминатите три месеци, октомври-декември 2021 година, беше објект избран за одигрување на голем број на спортски натпревари во рамките на Сојузот на училишен спорт на Велес и на Федерацијата на училишен спорт на Македонија. И тоа за одигрување на општински зонски натпревари во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Според просторните и техничките условите кои се на високо ниво какошто се загреана, семафор за официјални натпревари, современи реквизи за одбојка и кошарка, гардероби, посебен влез во рамките на протоколите предвидени за пандемијата на Ковид 19, оваа спортска сала беше домаќин на бројни општинските натпревари. Во салата се одиграа натпревари во кошарка и одбојка, за машки екипи од средно образование, потоа зонските натпревари во кошарка за основно образование и зонските натпревари во одбојка и кошарка за средно образование.

Во рамките на петте турнири спортуваа и се натпреваруваа повеќе од 200 ученици од градовите Велес, Валандово, Богданци, Гевгелија и Дојран.

-Како домакини на на турнирите ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес во целост дава поддршка на училишниот спорт во Велес и во Македонија како дел од воспитно – наставниот процес во рамките на додатната настава предвидена со официјаните програми за работа по предметот спорт и спортски активности како и физичкото и здравственото образование, но и во промоција на спортот во Општина Велес, рече м-р Ангелче Гушев професор по спорт и спортски активноси.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.