Сто и шеснаесет илјади евра казна за Биогасна централа кај Градско, за еколошки инцидент од саботата, на соседните парцели и во река Вардар
Биогасната централа крај Градско на државата ќе треба да и плати 110.000 евра за истекување на пост течно ѓубриво во река Вардар додека одговорното лице на фирмата, категоризирана како среден трговец, уште 6000 евра, во денарска против вредност. Казната е изречена согласно одредбите на Законот за заштита на животна средина. Казнените одредби се применуваат по извршен вонреден инспекциски надзор на двајцата државни инспектори за заштита на животна средина, подготвен записник и издадено Решение на прекршителот. во кое е констатирано дека Биогасната централа сторила прекршок од трета категорија.
На фирмата и е изречена казна поради тоа што наместо во резервоарот којшто го поседувала за собирање таа депонира течен отпад на парцела без дозвола. Така создала лагуна којашто, во саботата, на 27 јуни, пробила и течното ѓубриво се разлеало во соседни парцели и во река Вардар, кај Градско.
Ова како причина за еколошкиот инцидент записнички го констатираат двајца државни инспектори на Инспекторат за заштита на животна средина. На фирмата и е врачено и Решение за сторениот еколошки прекршок.
Биогасната централа, согласно закон има право на вклучување во Постапка на спогодување којашто ја води Министерство за заштита на животна средина.
Убавка Јаневска