Додека менувал гума на автомобилот го откриле дека криумчари мигранти!
Објавено на 7 март, 2013 во 11:16
Полицијата во Свети Николе му поднесе кривична пријава.
Вчера на патот Свети Николе – Штип во 11 часот бил затекнат дваесет и седум годишниот Б.К. од Скопје како менува дупната гума на автомобилот ПМВ Форд. Со него биле уште деветмина странци и тоа четворица од Брегот на Слоновата Коска, тројца авганистанци и по еден од Маританија и Гвинеја. Полицијата разговарала со него и открила дека скопјанецот ги пречекал мигрантите блиску граничниот премин Богородица и за по педесет евра од човек требало да ги превезе до Куманово. Таму требало да ги пречека друг човек чиј идентитет не се открива. Поради нелегалното превезување на мигранти тој од свети николската полиција заработи кривична пријава за криумчарење мигранти./Б.Н