Натепана директорката на светиниколскиот центар за социјални работи!
Разгневениот четириесет и пет годишен С.В. ја удрил со главата а потоа и задал и неколку тупаници во лицето на директорката Д.Н.
Тепачката се случила во канцеларијата на меѓуопштинскиот центар за социјални работи, вчера попладне, кога овој татко на малолетно дете, од селото Пеширово, дошол за да го добие правото на старателство.
На тепачката и претходела расправија во која тој ја убедувал директорката дека заслужил да биде старател наместо неговата сопруга.
Пред да се здобие со посериозни повреди, директорката, од рацете на С.В ја спасиле вработените во институцијата.
Успеале тепачот да го изнесат надвор од канцеларијата. Потоа повикале полиција и брза помош.
Полицијата го привела С.В на кого му бил направен алхотест и било утврдено дека има 0.55 промили алкохол во крвта.
На четириесет и шест годишната директорка на Центарот за социјални работи и била пружена медицинска помош по што била пуштена на домашно лекување./Б.Н