Пукање со гасен пиштол во Свети Николе!
Објавено на 16 јуни, 2013 во 11:46
Дваесетиседумгодишниот Ј.В. синоќа пукал со гасен пиштол на терасата од угостителскиот објект „Ти Амо“, во Свети Николе.
Пукотницата се случила 45 минути по полноќ.
Полицијата интервенирала и му го одзела пиштолот на светиниколчанецот.
Случајот се расветлува а за нарушувањето на јавниот ред и мир ќе биде поднесена соодветна пријава.