Во движење се запали автобус на штипски „Кит – го“
Објавено на 4 септември, 2020 во 13:50
04.09.2020
На автопатот Штип – Миладиновци, кај Крушица, во близна на Свети Николе, се самозапали автобус во движење на штипската компанија Кит го. Нема повредени, во автобусот бил само возачот.
Возачот сам почнал да го гаси автобусот, по што пристигнал тим на Територијалната противпожарна единица од Свети Николе. Според информациите од теренот, автобусот е речиси изгаснат.
{vembed F=318123549606247}