Жител на Старо Нагоричане ја прекршил забраната за движење во полициски час во светиниколско
Објавено на 25 март, 2021 во 18:04
25.03.2021
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривичнa пријавa против Д.Ѓ.(35) од с.Старо Нагоричане, кумановско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
Осомничениот на 22.03.2021 во 00.20 часот на регионалниот пат кај место викано „Мездра“ во Свети Николе, Д.Ѓ. бил забележан како се движи со патничко возило „опел“ и при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека не поседувал дозвола за движење за време на мерката, со која се забранува движење во временски период од 22.00 часот до 05.00 часот, со цел спречување на ширење на вирусот ковид-19.
Убавка Јаневска