Светиот крст во Велес го фати Игор Василевиќ (фото и видео)
Триесет и девет годишниот велешанец, гардист во Армијата на Република Македонија, годинава е најсреќниот пливач во водите на река Вардар во чии раце заврши Светиот крст. Тој е само еден од вкупно 71 пријавени граѓани а меѓу нив и велешанката Ели Апостоловска.
Василевиќ пресреќен што по седум обиди токму годинава му се исполни желбата да го фати Светиот крст. По минато годишното стапување во брак неговите очекувања за годинава се здравје, среќа, љубов, бериќет и зголемување на неговото семејство.
Овие негови очекувања се желби што им ги посакува на сите свои сограѓани како и на граѓаните во државата.
Во Велес и годинава е задржана традицијата на Богојавление – Водици, Светиот крст да биде фрлен од страна Митрополитот Повардарски Господин Агатангел од Мало мовче во водите на река Вардар.
Стефани Манева