СВР Велес: Физички нападнат велешанец кој потоа бил ограбен, малолетнички краделе од продажен објект, друга велешанка пак украла пари

Објавено на 5 април, 2024 во 14:08

Сектор за внатрешни работи Велес преку дневниот билтен известува за две кражби во продажни објекти и еден физички напад на маж кој потоа бил ограбен.

Првата пријава во полициска станица Велес била вчера, во 12:20 часот, дека две малолетнички одземале повеќе предмети од продажен објект во Велес. Портпаролката Биљана Ѓаковска од СВР Велес додава дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот а по документирање  на настанот ќе следува соодветен поднесок за двете лица.

Потоа, во 15:50 часот била пријавена и втора кражба во продажен објект во Велес, поточно, женско лице одземало пари по што била пронајдена и парите биле вратени на сопственикот. Исто така, по документирање на настанот ќе следува и соодветен поднесок.

Еден час и половина по полноќ, ноќеска, на улица „Благој Кирков“ бил физички нападнат четириесет и едно годишниот А.Д од Велес од страна на неколку машки лица кои потоа му ги одзеле и парите. Од СВР Велес додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

 Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.