СВР Велес поднесе две кривични пријави против еден кавадарчанец за дрога и двајца росоманци за оружје

Објавено на 19 февруари, 2025 во 18:34

Првата кривична пријава којашто Сектор за внатрешни работи Велес ја поднесе вчера е против лицето Л.К.(51) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според полицијата, минатата година, на 5 октомври, во Кавадарци, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое се превезувал пријавениот, при што кај него пронашле и одзеле кокаин.

Втората поднесна кривична пријава е против З.П.(57) и Б.П.(34), од росоманско село Сирково  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Поконкретно, полицијата лани, на 18 март, во село Сирково, општина Росоман, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, повеќе куршуми различен калибар, дозери за барут, барут, повеќе пакувања со сачми, иницијални каписли за ловечка муниција и ловечки патрони.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.