СВР Велес спроведе превентивни активности за побезбеден сообраќај во Неготино

Објавено на 26 октомври, 2023 во 09:32

На повеќе локации во Неготино, вчера, Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, спроведе превентивни активности за побезбеден сообраќај.

-Притоа, на возачите им беше укажано за потребата од доследно почитување на законските прописи од областа на сообраќајот, пред се околу користење на заштитен појас, како и прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот како едни од најважните правила за поголема сообраќајна безбедност, соопштија од МВР.

За време на активностите на возачите им бил поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.