Татко пријавил во полиција физички напад на ќерка од соученик во ООУ „Блаже Конески“ Велес

Објавено на 23 мај, 2025 во 11:28

Четириесет и две годишниот татко К.А нападот врз неговата ќерка , ученичка во ООУ „Блаже Конески“, од нејзин соученик го пријавил вчера, 22 мај, во 12:50 часот во Сектор за внатрешни работи Велес.

„К.А.(42) од Велес пријави дека во основно училиште во Велес, во кое учи, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопшти СВР Велес.

Дума.мк ја контактираше директорката на училиштето Маја Коруновска која рече дека училиштето ги превзело сите мерки поврзани со случката поточно пријавило во полиција и во Центар за социјални работи Велес. Коруновска очекува надлежните стручни лица, на двете институции, да превземат мерки и да дадат решение.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.