Тепачка помеѓу пет велешани, еден од нив завршил со убодни рани
Објавено на 26 октомври, 2021 во 14:54
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, два часа по полноќ, ги лишеле од слобода И.А (24), Ѓ.Ш (28), Б.Х(24) и Б.Д (20) од Велес, бидејќи околу 01:30 часот учествувале во меѓусебна физичка пресметка во домот на И.А и Ѓ.Ш.
Во тепачката И.А со остар предмет му нанел убодни рани на Е.У, пришто бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес за укажување на лекарска помош.
Инаку претходно на улица „Ѓорѓи Димитров“ во Велес настанала тепачка помеѓу И.А и Б.Х.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека бил извршен увид и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева