Тепачка во село Извор и закана упатена кон велешанец
Објавено на 12 јули, 2022 во 11:31
Педесет и едно годишната Г.П од село Извор, вчера, 11 јули, во 14:40 часот во Полициско одделение Чашка пријавила дека на седми јули, во дворот од нејзината куќа, таа и нејзиниот син П.П биле физички нападнати од Д.Ц и Д.М двајцата од село Извор.
Исто така, во СВР Велес на 10 јули, околу 14:00 часот било пријавено од страна на триесет и осум годишниот С.Д дека во семејниот двор, поради нерасчистени односи, неговиот чичко Н.Д (62) му упатил закани.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се работи на расчистување на двата случаи.