Тепачка во велешко казино
Објавено: 23 декември, 2021, во 12:48 часот
Дваесет и три годишниот Ѓ.А, вчера, во Полициска станица Велес пријавил дека околу 21:30 часот бил физички нападнат од четириесет и две годишниот Г.Ш во казино во Велес.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева

