Тешко повреден работник при извршување на задачи во Кавадарци
Објавено: 19 август, 2026, во 12:31 часот
Од Општа болница Кавадарци, вчера претпладне, во Одделение за внатрешни работи Кавадарци бил пријавен случај на донесен пациен со тешки телесни повреди здобиени додека извршувал работни задачи
„Во Општа болница Кавадарци на 18.08.2026, во 10:15 часот, со тешки телесни повреди бил донесен М.К.(21) од Кавадарци. Според пријавеното, тој со повредите се здобил при извршување работни задачи во лифт за товар во катна гаража во Кавадарци. Известени биле јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.
Убавка Јаневска



