Тешко повредена жена во сообраќајна незгода на регионалниот пат Неготино – Кавадарци
Објавено: 31 јули, 2025, во 15:08 часот
Петнаесет минути по полноќ, ноќеска, на регионалниот пат Неготино – Кавадарци се случи тешка сообраќајна незгода во која учествуваа товарно моторно возило и патнички автомобил, информираше Сектор за внатрешни работи Велес.
Според пријавеното, до незгодата дошло кога товарно моторно возило марка „Волво“ со полуприколка, со кавадаречки регистарски таблички, управувано од 36-годишниот Г.Д. од село Возарци, се судрило со патничко возило „Форд“, исто така со кавадаречки регистарски таблички, кое го управувала 27-годишната Т.Ј. од Кавадарци.
Со тешки телесни повреди се здобила возачката на патничкото возило, Т.Ј., кои ѝ биле констатирани во Општата болница во Кавадарци.
На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.
Дума.мк


