Тешко повредени двајца велешани во две одделни сообраќајни незгоди

Објавено: 18 август, 2025, во 12:28 часот

Со скршеници на ребрата од двете страни се здобил педесет и три годишниот С.С од Велес, кој вчера во 08:40 часот на регионалниот пат Велес – Штип бил учесник во сообраќајна незгода. Како што соопшти портпаролот на велешката болница пациентот поради тешките повреди бил испратен во Ургентен центар Скопје.

Од Сектор за внатрешни работи Велес објаснуваат дека незгодата се случила помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки управувано од дваесет и четири годишниот Д.М од Италија и патничко возило „даеву тико“ кое било усправувано од тешко повредениот С.С. Оттаму додаваат дека во незгодата со телесни повреди се здобил О.А.(19) од Лозово кој бил сопатник н С.С и му биле констатирани во велешката болница.

Истиот ден, во 10:00 часот во СВР Велес била пријавена уште една сообраќајна незгода на улица „Димитар Влахов“ во Велес.

Шеесет и пет годишниот Ј.В од Отовица управувајки патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки се судриле со мопед „томос“ кој бил управуван од седумдесет и две годишниот М.Ј од Велес.

Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, за кој портпаролот на велешка болница информираше дека е опериран и задржан на болничко лекување во Велес.

Увид на местото на незгодите и во двата случаи извршила увидна екипа од Сектор за внатрешни работи Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.