Трето авионско третирање против комарци, утре, среда, на територијата на Општина Велес

Објавено: 12 август, 2025, во 09:25 часот

„Со третирањето, утре, среда 13 август, во раните утрински часови, ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина,“ соопшти Општина Велес.

Поточно границата на третирањето  против комарци се Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Општина Велес ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

„Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, истото ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови,“ пишува во соопштението на општината.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.