Бузалков: Три одделенија на велешка Општа болница годинава сe приоритетни за опремување со посовремена медицинска опрема (ВИДЕО)

Стручниот колегиум на ЈЗУ Општа болница Велес за годинава ги приотизирал Интерно, Гинеколошко – Акушерско и Физикално одделение како приоритетни за осовременување со медицинска опрема. Директорот Александар Бузалков за Дума.мк, по последната донација за Детско одделение, ги соопшти и видот на медицински апарати кои ќе ги набавува.
Велешка Општа болница ќе се обиде да го подигне на уште повисоко ниво квалитетот на издавање на здравствени услуги и на останатите одделенија. Секако дека добредојдени се и донации со кои општествено одговорни компании помагале и ќе помагаат во намерата граѓаните на Велес и на околните општини да бидат дијагностицирани и лекувани не само според нови методи туку и со примена на помодерна медицинска апаратура.
Убавка Јаневска
